Халеп преку пресврт ја совлада Бенчиќ и е прва финалистка во Мадрид

Поранешната најдобра тенисерка на светот, Симона Халеп е првата финалистка на вториот Мастерс на земјена подлога, кој оваа седмица се игра во Мадрид. 

Романката на потешко од очекуваното ја совлада незгодната ривалка Белинда Бенчиќ од Швајцарија. По нешто повеќе од два часа игра, Халеп со 2-1 во сетови (2-6, 7-6/2 и 6-0) успеа да ја потврди фаворитската улога и остана во игра за трофејот во престолнината на Шпанија. 

Во големото финале ќе се сретне со подобрата тенисерка од вечерашното второ полуфинале, кое го сочинуваат Стивенс и Бертенс.