Халеп: Отсекогаш се плашев од Серена Вилијамс, невозможно е да...

Поранешната најдобра тенисерка на светот, Симона Халеп, призна дека се плаши кога на терен ќе треба да се соочи со Серена Вилијамс. 

Романката искрено зборуваше за тоа како се чувствувала пред и по дуел со освојувачката на 23 грен-слем трофеи. 

„Да бидам искрена, отсекогаш сум се плашела кога на терен за противник ќе ја имав Серена. Таа е една од најдобрите во историјата и секогаш е желна за трофеи. Знаев дека не можам да ја победам, особено не на тревна подлога, за мене тоа беше невозможно нешто“, вели Халеп.

Халеп и Серена досега имаат одиграно 11 меѓусебни дуели, од кои дури девет завршиле со победа на Американката.