• Горан Упале
Романската тенисерка Симона Халеп изрази незадоволство од големата разлика во начинот на постапување кон допинг случаите, откако Ига Швјонтек беше суспендирана на еден месец бидејќи била позитивна на забранетата супстанца триметазидин.
Меѓународната тениска единица за интегритет (ИТИА) во четвртокот соопшти дека полската тенисерка добила едномесечна суспензија откако била позитивна на тестот за забранетата супстанција триметазидин во примерокот земен во август 2024 година.
По оваа одлука на ИТИА Романката критикуваше за „сосема различни пристапи“.
„Седам тука и се обидувам да разберам, иако тоа е невозможно. Се прашувам зошто е толку голема разликата во пресудувањето и третманот? Не можам да најдам и мислам дека нема логичен одговор. Може да биде само лоша волја на ИТИА (Меѓународната агенција за интегритет на тенисот), организација која направи се да ме уништи и покрај до казите.
Сакав да ги уништам последните години од кариерата, нешто што не сонував дека ќе го посакам некогаш. Отсекогаш сум верувала во добро, правда и добрина. Беше болно, уште е и неправдата која ми е нанесена секогаш ќе боли. Како е можно истиот случај да се случи и ИТИА да има целосно поинаков пристап отколку со мене? Како да прифатам дека ВТА и поголемите играчи не сакаа да се вратам и да го добијам назад ранкингот кој го заслужив?
Изгубив две години од кариерата, имав непроспиени ноќи, анксиозност, прашања без одговор... Ја загубив правдата. Добив нешто друго, мојата душа е чиста. Разочарана сум, бесна, фрустрирана, ама нема зло во мене. Благодарна сум на поддршката и безусловната љубов“, напиша Халеп.
Халеп беше привремено суспендирана во октомври 2022 година, откако беше позитивна на тестот за забранетата супстанција роксадустат, лек против анемија што го стимулира производството на црвени крвни зрнца. Таа потоа беше суспендирана на четири години, но Судот за спортска арбитража ја намали казната на девет месеци.