Хачанов преку Тием до трето место во Абу Даби

Рускиот тенисер Карен Хачанов го освои третото место на егзибицискиот турнир во Абу Даби.

Хачанов во првата фаза загуби од Новак Ѓоковиќ, а во „малото финале“ со 2-1 во сетови (6-3, 4-6, 10-3) беше подобар од Доминик Тием. Во првиот сет Хачанов направи два брејка, за 4-3 и 6-3, додека вториот сет го загуби поради еден брејк на Тием.

Во решавачкиот сет кој се играше до десет поени, на Русинот му беа доволни три брејка, за 2-1, 5-1 и 6-1.

Во финалето за трофеј ќе се борат Новак Ѓоковиќ и Кевин Андерсон.