ВИДЕО: Грижливиот Надал исплаши девојче, па се извини со бакнеж

Надал

Рафаел Надал го прескокна Федерико Делбонис од Аргентина во второто коло на Австралија опен.

Сите пишуваат за играта на Шпанецот, но и неговиот гест кон едно девојче задолжено за собирање на топчињата.

При сервис на противникот, 33-годишникот од Мајорка го удри топчето во лицето на девојчето, а потоа се извини со бакнеж.

По мечот шпанскиот тенисер изјави дека тоа бил еден од најстрашните моменти во неговата тениска кариера.