Гриекспор парираше еден сет, Ѓоковиќ без мака до полуфинале во Женева

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ја оправда фаворитската улога и се пласира во полуфиналето на АТП турнирот во Женева по час и 18 минути битка.

Србинот беше подобар од холандскиот ривал Талон Гриекспор со 2-0 (7-5, 6-1) и ќе го продолжи патот кон трофејот на турнирот на кој дебитира од серијата АТП 250. Првиот сет понуди поголема борба, во него Гриекспор успеа да се избори за долго надигрување и го загуби со 7-5. 

Сепак, веќе во вториот Ѓоковиќ во целост се наметна и со три брејка го реши мечот со 6-1. Во полуфиналето српскиот ас оди на мегдан против Томаш Махач во дуел кој се игра в петок.

Овој турнир Новак Ѓоковиќ го користи за да ја крене формата пред настапот на Ролан Гарос каде што во првата рунда доби ривал кој влезе во ждрепката преку „вајлд-карта“.