• Саше Љолес

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на францускиот Грен-Слем и таму ќе се соочи со првиот светски рекет, Карлос Алкараз.
Двајцата тенисери се подготвуваат за важниот дуел, а Новак Ѓоковиќ во свој стил, го покани својот ривал на заедничка вечера! Српскиот ас реши да се дружи со својот противник, а тој самиот во многу наврати изјавуваше дека неизмерно го цени Шпанецот.
Алкараз со задоволство ја прифати понудата и двајцата тенисери биле на вечера која минала во опуштена и пријателска атмосфера. Не е познато дали се разговарало за нивниот дуел, но сигурно е дека Алкараз бил пријатно изненаден од поканата. Новак Ѓоковиќ уште еднаш ја потврди својата големина и позитивниот дух кој го поседува.
Мечот помеѓу Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ ќе се одигра в петок, со почеток во 14:45 часот. Овој дуел сигурно ќе привлече многу поголемо внимание од второто полуфинале, во кое ќе се сретнат Александар Зверев и Каспер Руд.


