• Саше Љолес
Горазд Србљак имаше тежок меч против Австриецот Мануел Лазиќ, но успеа по голема борба да извојува триумф во квалификациското финале на турнирот во кипарскиот Аламинос. Македонскиот тенисер славеше со пресврт, откако ривалот поведе го доби првиот сет во тај-брејкот (7-6/5).
Потоа следуваше одличен тенис од Македонецот, кој најпрво го освои вториот сет со 6-4, а во последниот сет беше решаван повторно на поени, каде Србљак се покажа како поуспешен и на крајот славеше со конечни 7-6/8.
Србљак ќе ја продолжи авантурата во Кипар со мечот од првото коло на главниот турнир, а противник ќе му биде Џанмарко Ортензи од Италија, кој во моментов е 969. тенисер на АТП листата. Наградниот фонд на турнирот е во висина од 15,000 долари.