Голема бламажа за првата тенисерка: Халеп елиминирана во првото коло во Сиднеј 

Најдобрата тенисерка на ВТА листата, Симона Халеп, им приреди големо разочарување на своите фанови, откако по тримесечната пауза им се врати на тениските терени и тоа со пораз. 

Романската тенисерка по долгата пауза се реши својот прв овосезонски настап да го има на турнирот во Сиднеј, каде не се прослави, бидејќи е елиминирана уште во првото коло. Голем срам на некогашната гренслем освојувачка ѝ нанесе домашната тенисерка Ешли Барти, која изненадувачки славеше во два сета со идентични 6-4. 

Халеп зад себе остави успешна 2018 година, откако за првпат во својата кариера успеа да слави на еден Грен слем турнир, триумфирајќи на Ролан Гарос, додека на Австралија Опен немаше среќа во финалето и загуби од Каролина Возњацки.