Гоф со пресврт продолжи да го „лови“ Грен Слемот кој ѝ недостасува

Американската тенисерка Коко Гоф обезбеди пласман во полуфиналето на Вимблдон, откако по голем пресврт ја совлада својата сонародничка Џесика Пегула со 2-1 во сетови.

Седмата тенисерка на светот до победата стигна по речиси два часа игра, откако ги загуби првите моменти од натпреварот, но успеа целосно да ја сврти ситуацијата во своја корист.

Пегула го доби првиот сет со 6-4, а потоа Гоф возврати со 6-3 и 6-4 за место меѓу четирите најдобри на престижниот турнир во Лондон.

Во полуфиналето, Гоф ќе се соочи со победничката од четвртфиналниот дуел меѓу Каролина Мухова и Наоми Осака. Од сите Грен Слеми, Гоф го нема освоено само Вимблдон.