Гоф слави во американскиот дуел и ја достигна легендарната Хингис

Американката Коко Гоф ја победи сонародничката Медисон Кис со 2-1 во сетови на парискиот Грен Слем и се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос.

Гоф успеа да слави по пресврт, ја победи втората Американка и оствари голема победа со резултат од 6-7, 6-4, 6-1 за време од два часа и единаесет минути.

Во полуфиналето Гоф ќе игра против подобрата тим од дуелот Андрејева - Боазон.

Со победата над Кис, Гоф испиша историја и стана најмладата тенисерка која дошла до 25 победи на Ролан Гарос по Мартина Хингис во 2000 година.

ФОТО: ROLAND-GARROS / Facebook