Годината ја започна на 107-то место, денес е петта - неверојатен напредок на Андрееску

Канадската тенисерка, победничка на УС Опен, Бјанка Андреску од денес направи скок до петтото место на ВТА-листата. 19-годишната Андреску годината ја започна на 107-то место, а најверојатно ќе ја заврши меѓу најдобрите пет светски тенисерки.

Наоми Осака не ја одбрани титулата, елиминирана беше во осминафиналето и го препушти врвот на кој од денес седи Ешли Барти. Осака падна на четвртото место, а пред неа се Каролина Плишкова и Елина Свитолина.

Следува кратка пауза, па завршната Мастерс турнеја во Азија и Мастерс Купот во Сингапур.