• Мартин Танасковски
Најтрофејниот Грен Слем тенисер Новак Ѓоковиќ ги заврши настапите на мастерс-турнирот во Мадрид уште на стартот, каде загуби од Италијанецот Матео Арналди, за кого ова е најголем триумф во кариерата.
Српскиот ас е најголемото име кое Арналди го победил. Мечот заврши во два сета, со резултат 6-3, 6-4, што е уште едно разочарување за Ѓоковиќ кога се говори за резултатите во актуелната сезона во која тој е само бледа сенка на неговата репутација.
За Ѓоковиќ, ова беше прва елимијација во првото коло на некој турнир по 12 години. Во следната рунда на мастерсот во Мадрид, Арналди ќе игра со Босанецот Дамир Џумхур.