„Го мразев Ѓоковиќ, но низ годините сфатив дека е најголем во историјата!“

Поранешниот француски тенисер, Лионел Ру, изјави дека на почетокот не можел да го поднесе Србинот Новак Ѓоковиќ, но низ годините неговото мислење се променило и сега има максимална почит за најтрофејниот во историјата. 

Ру вели дека го мразел Ѓоковиќ поради неговите нескромни изјави во минатото и сметал дека нема никогаш да стане голем тенисер. 

„Мислев дека тоа момче никогаш нема да стане голем тенисер. Даваше надмени изјави на почетокот на кариерата, но не делуваше квалитетно ниту на терените. Ја мразев неговата појава, не можев да го поднесам. 

Како минуваа годините, тој ми го промени мислењето. Прерасна во вистинска спортска икона и стана најдобар во историјата. Мислам дека никој не можеше да го предвиди неговиот успех. Му посакувам само најдобри нешта“, рече Ру. 

Ѓоковиќ во моментов се натпреварува на англискиот Вимблдон, каде се бори за јубилејната 25-та титула од Грен-Слем турнирите. 

ФОТО/PHOTO: Novak Djokovic/Facebook