
Наместо да се поздрави со главниот арбитар по денешниот пораз во Рим од Марија Сакари од Грција, Каролина Плишкова го искрши судиското столче со помош на својот рекет. Причината за оваа реакција на чешката тенисерка беше протестот кон одлуката на судијата при одлучувачкиот брејк поради кој го загуби дуелот во второто коло.
Pliskova is MAD ! #pliskova #Sakkari #WTARome pic.twitter.com/7pT4T59KMl
— Bjoern Rietz (@bar78) May 16, 2018
Holy moly Pliskova is the real MVP! Well done, she was right about that call! it was 10km in! pic.twitter.com/YgJ5MHgmYo
— LorenaPopa (@popalorena) May 16, 2018
Како тоа да не беше доволно, тренерот на петтата тенисерка во светот, Томас Крупа, и покажа среден прст на камерата за време на инцидентот.

