Ѓорческа загуби само еден гем и обезбеди победа за Македонија против Конго

Лина Ѓорческа победа

Македонија оствари почетна победа во дуелот со Конго на ФЕД Купот, кој што се одржува во Хелсинки.

Вториот поен за нашата репрезентација очекувано го донесе Лина Ѓорческа со убедливо издание против Виктори Мфумангана (6-0, 6-1).

Мечот започна одлично за 24-годишната тенисерка од Тетово која ги освои првите шест гема и поведе со 1-0. Слична беше ситуацијата во продолжението, но овојпат Ѓорческа загуби еден гем и на крај стигна до лесен триумф.

Во првиот меч Магдалена Стоилковска ја победи Глори Мфумангана. Утре нашите репрезентативки ќе се соочат со Косово.