Ѓорческа загуби само два гема на стартот на турнирот во Шпанија 

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа со победа го стартуваше ИТФ фјучрсот во Гецо, Шпанија, откако со убедливи 2-0 славеше над домашната тенисерка Кортез Лорка.

Тетовчанката фуриозно го започна првиот сет, успеа да собере три гема на сервис на противникот и со 6-1 поведе со 1-0. Ниту во вториот сет Лина не се откажа од својата атрактивна игра и повторно со идентични 6-1 ја збриша шпанската тенисерка. 

Ѓорческа во следното коло на турнирот во Гецо ќе се сретне со тенисерката од Грција, Папа Михаил.