Лина Ѓорческа со победнички старт во чешки Миловице

Лина Ѓорческа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа имаше успешен старт на ИТФ-фјучрс турнирот во Миловице, Чешка, вреден 25.000 долари.

Тетовчанката на настанот кој се игра на тврда подлога во првото коло успеа да слави над Калора Моне од Франција, која ја доби со 2-0 во сетови (6-2, 6-2). Македонката одигра според планот и патува во осминафиналето.

Следниот меч за Ѓорческа е против Чехинката Линда Носкова, која во првото коло ја доби квалификантката Канев од Германија со 6-2, 6-0. Македонката е петта носителка на овој турнир.