Ѓорческа со победа ја стартува новата тениска година

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа ја отвори 2021 година и во рамки на ИТФ-фјучрс турнирот ја совлада Татијана Пиери од Италија, во првата квалификациска рунда.

Тетовчанката успеа да дојде до победа над 478. тенисерка на ВТА-листата со пресврт, со 2-1 во сетови (1-6, 6-2, 10-2).

Противничката од Италија беше далеку подобра во првиот сет, но во останатите два покажа бледа игра, па тоа Ѓорческа го искористи и запиша посакувана победа.

Ѓорческа во втората квалификациска фаза ќе игра со Ела Шајдел од Германија, тенисерка која доби место во оваа фаза со „вајлд-карта“. Победникот од овој меч патува во главната рунда.