Ѓорческа со победа го отвори турнирот во Чешка

Лина Ѓорческа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа тргна на турнирот во Чешка и беше успешна во првата рунда.

На стартот, Лина со 2-0 во сетови (6-4, 6-4) славеше над Кристина Ене од Романија, која во ниту еден момент не беше закана за нашата најдоброрангирана тенисерка.

На турнирот во Фридек Мистек, вреден 25.000 американски долари, Ѓорческа наскоро ќе ја добие својата наредна противничка.