Ѓорческа со моќна победа го отвори турнирот во Белград

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа имаше успешен рестарт на тениската сезона, на Источноевропскиот шампионат кој се игра во Белград, Србија.

Нашата најдобра тенисерка отвори со моќна победа над Маријана Дражиќ, против која славеше со 2-0 во сетови (6-1, 6-0). Македонката ѝ дозволи на противничката да освои само еден гем, а мечот траеше 44 минути.

Следната противничка на Ѓорческа ќе биде позната по одигрувањето на сите денешни натпревари.