• Горан Упале
Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфиналето од ИТФ фјучрсот во Селва Гардена, Италија откако во четвртфиналето загуби од 16-годишната Американка Тајра Грант со 2-1 во сетови (1-6, 7-6/5, 7-6/1) за 160 минути игра.
Ѓорческа одлично го почна мечот и поведе со 1-0 откако првиот сет го доби на убедлив начин со 6-1 во гемови. Лина имаше водство и во вториот сет од 4-1 во гемови, но Грант успеа да се избори за тај-брејк. Во 13. гем Американката имаше водство од 4-0 и 5-2 во поени, но Ѓорческа успеа да изедначи на 5-5. Сепак следните два поена го освои Грант за 7-5 и 1-1 во сетови.
Вистинска драма и борба имаше во решавачкиот трет сет. Ѓорческа поведе со 2-0 и 3-1 во гемови, но Американката успеа да направи пресврт и поведе со 4-3. По голема борба во 9. гем и 18 одиграни поени Ѓорческа го доби гемот и поведе со 5-4 и во следниот гем беше на сервис. Во следниот гем нашата тенисерка имаше и меч топка, но не ја искорист и повторно сетот се решаваше во тај брејкот, кој Грант го доби со 7-1 на поени.
Лина Ѓорческа ја очекува уште еден турнир во Италија, таа е пријавена на фјучрсот во Ортисеи.