• Мартин Танасковски
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ги заврши настапите на фјучрс-турнирот во Куршумлиска Бања, Србија.
Тетовчанката загуби од домашната тенисерка Лола Радивојевиќ, која беше подобра со резултат 1-2 во сетови (6-7, 6-3, 0-6). Првиот сет Ѓорческа го загуби во тај-брејк со резултат 2-7, а во вториот успеа благодарение на брејк да се врати во мечот. Меѓутоа, во последниот трет сет таа остана без сила.
Следен предизвик за Ѓорческа ќе биде турнир во Шибеник кој е планиран да биде од 30 септември до 6 октомври.