Ѓорческа по Есен и Минск, го освои и Гецо – со Комардина триумфираше во двојки! 

Лина Ѓорческа

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со собирањето на трофеи на турнирите каде настапува во последниот период. 

Првиот наш рекет по успесите во Есен и Минск, повторно грабна трофеј од конкуренција во двојки. Заедно со партнерката Анастасија Комардина од Русија го освоија силниот турнир во Гецо, Шпанија, кој се играше за награден фонд од 25.000 долари. 

По вчерашниот фантастичен меч во полуфиналето во кој загубија само еден гем, Лина и Анастасија попладнево беа подобри од унгарско-швајцарската двојка Лукаш и Штадлер, против кои изовјуваа победа во 6-3, 7-6(4).

Повеќе од еден месец Ѓорческа бележи само подеми на ВТА ранг-листата, а несомнено така ќе биде и в понеделник, кога ќе биде објавена најновата листа.