Ѓорческа по два и пол часа битка обезбеди четвртфинале во Марибор

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во четврфиналето на ВТА-турнирот во Марибор, Словенија, откако забележа победа над Џесика Пончет од Франција.

Нашата најдобра претставничка во „белиот спорт“ победи по голема борба со 2-1 во сетови, првиот го доби со 6-4, а откако во вториот загуби со 2-6, третиот понуди драма и тај-брејк по кој Ѓорческа славеше со 11-9.

Дуелот траеше нешто повеќе од два и пол часа. Во следната фаза во Марибор, Македонката ќе игра со Грузијката Маријам Болквадѕе која е 216. место на ВТА-листата.