Ѓорческа падна за 21 место, само две промени во ТОП-10 на ВТА листата

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа пад на најновата ВТА-листа објавена овој понеделник.

Ѓорческа во моментов се наоѓа на 234 место со вкупно 307 поени, што е пад за вкупно 21 позиција. Пад забележа и Магдалена Стоилковска, која назадуваше 64 позиции и се наоѓа на 1195 место.

Во ТОП-10 има две промени. На деветтото место сега се наоѓа Марија Сакари од Грција, а десетта е Даниеле Колинс од САД.