• Сашо Поповски

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пад на последното рангирање на ВТА листата.
26-годишната тетовчанка сега стои на 349. место, откако ја заокружи 2020 година со три победи и два порази во месец декември.
На врвот нема никакви промени, па Ешли Барти стои на челната позиција пред Симона Халеп и Наоми Осака.
Кај мажите Новак Ѓоковиќ ја започна 302-та недела на лидерското место на АТП листата.