Ѓорческа немаше сили за ново изненадување на турнирот во Москва

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, ги заврши своите настапи на силниот ИТФ турнир во Москва, откако беше елиминирана во второто коло.

По исцрпувачкиот меч во три сета против Италијанката Бронзети, денес (четврток) Ѓорческа немаше сили за ново изненадување и без освоен сет го загуби дуелот против домашната тенисерка Анастасиа Захарова (6-2, 6-3).

Русинката беше голем фаворит на овој дуел, а тоа успеа да го покаже и на терен. Таа е на 262. место на ВТА листата, додека нашата тенисерка е рангирана на 351. место. 

Ѓорческа ги заврши и настапите во двојки, откако во првото коло заедно со Лукас беа елиминирани од Хатоука и Аинитидинова.