Ѓорческа ќе игра на силен турнир во Москва, во првото коло против Бронзети од Италија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по турнирите во Анталија, Турција, ВТА сезона ја продолжува со настап на силниот турнир во Москва, кој се игра за награден фонд од 25.000 долари. 

26-годишната тенисерка на турниот во Русија, кој ќе го отвори како 14-та носителка во првото коло ќе се сретне со Лусија Бронзети од Италија, 22-годишна тенисерка од Италија.

Натпреварот меѓу Ѓорческа и Бронзети на програмата е утре со почеток не пред 11:30 часот. 

Ѓорческа се наоѓа на 351. позиција на ВТА-листата, а највисокиот дострел го имаше во 2017 година кога со добри настапи во квалификациите за Грен Слем турнирите се искачи на 170 место. Нејзината прва ривалка во Москва е за нешто поуспешна на оваа листа (335), затоа ја има улогата на фаворит на овој дуел.