• Мартин Танасковски
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ги заврши настапите на ИТФ-фјучрс турнирот во Виена на самиот старт, со елиминација во првото коло.
Ѓорческа доживеа елиминација од Лола Радивојевиќ од Србија која во меч во два часа и 19 минути беше подобра со 1-2 во сетови (7-5, 2-6, 3-6). Иако Ѓорческа стартува одлично и го доби првиот сет, во следните два загуби од ривалката која е на 206. место на ВТА-листата.
Ова беше втор меѓусебен дуел на Ѓорческа и Радивојевиќ, а Србинката беше подобра и во 2022 година на турнир во Истанбул.