Ѓорческа и Тајхман за неполн час до финале во Љубљана!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа, заедно со Џил Тајхман од Швајцарија, успеа да се избори за финале на ВТА Челинџер турнирот, кој што се игра во Љубљана за награден фонд од 100.000 евра. 

Македонски-швајцарската комбинација во второто полуфинале извојува повеќе од убедлива победа над првите носителки Естел Касино од Франција и Анастасија Детиук од Чешка со 2-0 во сетови. Натпреварот траеше само 58 минути, а Ѓорческа и Тајхман загубија само три гема. Еден во првиот сет (6-1) и два во вториот (6-2).

Во битката за трофејот Македонската и Швајцарката ќе се судрат со Ромеро Гормаз од Шпанија и Нурија Бранкачо од Италија.