Ѓорческа и Комардина ќе играат за трофеј на турнирот во Гецо

Лина Ѓорческа

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Русинката Анастасија Комардина обезбедија финале на турнирот во Гецо, Шпанија.

Тие во полуфиналето беа поуспешни од шпанско-грчката двојка Гуимар Зулета и Деспина Папамикаил со резултат 6-1, 6-0. За тоа им требаа само 47 минути, во кои покажаа огромна разлика во квалитет.

Токму грчката тенисерка се испечe на Ѓорческа во четвртфиналето во сингл конкуренција.

Во мечот за титула во двојки противнички ќе им бидат Ванда Лукач од Унгарија и Нина Стадлер од Швајцарија.