Ѓорческа и Комардина го освоија турнирот во двојки во Минск

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ова лето ја потврдува добрата форма.

Тетовчанката во дубл заедно со Анастасија Комардина од Русија стигна до троејот на турнирот во главниот град на Белорусија, Минск.

Ѓорческа и Комардина ивојуваа победа во финалето против Кремен и Шиманович од Белорусија со 2-0 во сетови 6-7, 6-4,10-8. Ова е втора титула за Ѓорческа и Комардина, откако претходно триумфираа и на турнирот во Есен, Германија пред три недели.

Формата на Ѓорческа ветува дека таа има голема перспектива и во игра на двојки.