Ѓорческа и Анисимова ќе го отворат вториот ден на Вимблдон

Лина Ѓорческа ќе настапи во првото коло против Аманда Анисимова на третиот сезонски Грен слем турнир Вимблдон, а тоа ќе биде историски ден за неа, но и за македонскиот тенис. 

Тетовчанката ги мина трите пречки во квалификациите, победуваше против своите ривалки и го исполни сонот кој траеше долги години. Сега со мислите е кон првото коло кое е веќе закажано, а поради тоа што доби една од носителките за противничка, Ѓорческа ќе игра на еден од главните терени. 

Македонката и Американката ќе го отворат вториот натпреварувачки ден на турнирот. Мечот меѓу Ѓорческа и Анисимова е закажан за во вторник во 12:00 часот. 

Историскиот настап за Ѓорческа и македонскиот тенис ќе биде директно пренесуван на каналите на Арена Спорт Македонија.