Ѓорческа го освои вториот сет со 6-0, ама попушти во клучниот и загуби од Горгодзе

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа ги заврши настапите на турнирот во Копер, Словенија, откако беше елиминирана во осминафиналната фаза. 

По вчерашниот Мери Беноа во два сетови, денеска нашата најдобра тенисерка немаше сили за уште еден триумф и по точно два часа игра загуби од Екатерина Горгодзе од Грузија со 2-1 во сетови (7-5, 0-6, 2-6).

Првиот сет ѝ припадна на Грузијката која направи брејк во дванаесеттиот гем за 7-5, додека во вториот Ѓорческа одигра речиси без грешка и не ѝ допушти ниту еден гем на противничката (6-0). Сепак, во одлучувачкиот сет тетовчанката попушти и Горгодзе го искористи тоа и со 6-2 стигна до победата и пласманот во четвртфиналето. 

Со оваа победа Горгодзе израмни на 2-2 во меѓусебните дуели со Ѓорческа, кои интересно сите четири завршија по три сета игра.