Ѓорческа ако направи сензација би можела да игра против Грен слем шампионка

Лина Ѓорческа го дозна распоредот за својот дебитантски настап во главниот турнир на Вимблдон, а ждрепката не беше наклонета кон македонската тенисерка.

Во првото коло Ѓорческа ќе се соочи со Аманда Анисимова, една од најдобрите тенисерки на денешницата и финалистка на минатогодишните изданија на Вимблдон и УС Опен. Американката ќе ја има улогата на голем фаворит, но евентуален триумф на македонската тенисерка би претставувал една од најголемите сензации на стартот од турнирот.

Ждрепката го откри и потенцијалниот ривал во второто коло. Доколку Ѓорческа ја елиминира Анисимова, ќе игра против победничката од мечот меѓу Хрватката Петра Марчинко и Американката Медисон Кис.

На хартија фаворит во тој дуел е Кис, која во моментов се наоѓа на 27. место на ВТА листата, додека Марчинко е рангирана на 51. позиција.