• Горан Упале
Данил Медведев рече дека би „сакал Новак Ѓоковиќ еден ден да му биде тренер и дека спремен е да плати за тоа“. Вчера, на новинарско прашање српскиот ас одговори дека нема ништо против тоа, но дека во моментов тоа не е реално.
„Прво, морам да ја завршам кариерата за да размислам за таа понуда и не знам кога тоа ќе се случи“, рече Ноле.
Медведев рече дека ќе му плати на Новак за неговата работа, па затоа нивниот договор би бил на професионална, а не на пријателска основа:
„Веќе реков, сè додека играм, прерано е за тоа. Затоа тоа нема цена. Мислам дека прво мора да размислиме за сè. Секогаш би сакал да соработувам со него, ако можам - како советник или ментор. Можам да помогнам и со поддршка на неговиот тим. Тоа веќе им го кажав на Данил и на другите играчи со кои тренирам. Еден ден би размислил да станам член на нивниот тим“, додаде Ѓоковиќ.
Србинот води со 10-5 во меѓусебните дуели, а таа разлика ја направи во последните неколку години кога победи на пет од шест меча.