ВИДЕО: Ѓоковиќ заплака, „Артур Еш“ му даде неверојатна поддршка – емотивни сцени во Њујорк!

Новак Ѓоковиќ не успеа да ги задржи солзите во драматичниот финиш на дуелот со Маријано Навоне на УС Опен. При негатива од 1-3 во петтиот сет, 39-годишниот Србин беше видно емотивен, но и физички исцрпен по повеќе од четири часа борба.

Токму тогаш трибините на „Артур Еш“ застанаа зад големиот шампион. Публиката со овации и громогласна поддршка се обиде да го подигне Ѓоковиќ и да му даде сила за уште еден неверојатен пресврт.

Иако овојпат не успеа да се врати во мечот, сцените во Њујорк беа моќен потсетник за врската меѓу Ѓоковиќ и публиката. По последниот поен, Новак беше испратен со огромни овации.