„Ѓоковиќ заостанува, Надал и Федерер се борат за титулата најдобар на сите времиња“

Диего Шварцман ја подели спортската јавност со една изјава за „големата тројка“ во тенисот. Аргентинецот кој играше полуфинале на Ролан Гарос и загуби од Надал, смета дека тој и Федерер ја водат трката за најдобар на сите времиња, а Новак Ѓоковиќ заостанува. 

„Сè што постигна Надал е лудо. Продолжува да руши рекорди, како на земја, така и на целосната Грен слем табела. Сега се бори со Федерер кариерата да ја заврши со најмногу Грен слем титули и да биде најдобар, додека Ѓоковиќ заостанува зад нив. Морате да замислите дека доволно комплицирано е да учествувате на 13 Ролан Гарос турнири, а дури да ги освоите...“, изјави Шварцман.

Надал на убедлив начин го освои отвореното првенство на Франција, победувајќи го Новак Ѓоковиќ во финалето. Со тој трофеј, Шпанецот се израмни со Роџер Федерер и сега двајцата имаат по 20 Грен слем титули на вечната листа.