Ѓоковиќ заборави на инцидентот и продолжи да „гази“ во Рим

Новак Рим

Новак Ѓоковиќ се врати на терените со победа во Рим против домашниот тенисер Салваторе Карусо (6-3, 6-2).

Првиот светски рекет одговори на критиките кои ги доби на УС Опен и продолжи да игра во добра форма. Денешниот триумф е очекуван со оглед на разликата на квалитет меѓу двата тенисери и искуството кое го поседува Србинот.

За 40 минути игра Ѓоковиќ поведе, правејќи брејк во вистински момент за 5-3. Потоа рутински го сочува сервисот и го отвори патот кон следното коло. Продолжението исто така му припадна на фаворитот, кој ја заврши работата со два брејка и печат на победата со 6-2.

Ова беше втор меѓусебен дуел, а на првиот, одигран минатата сезона на Ролан Гарос, српскиот ас славеше со убедливи 3-0.

Победникот од дуелот меѓу Чекинато и Крајиновиќ ќе биде противникот на Ѓоковиќ во третото коло.