Ѓоковиќ: Во Тием гледам иден лидер во светскиот тенис

Новак Ѓоковиќ по паузата и неиграњето во Монтреал, оваа недела им се враќа на тениските терени и ќе настапи на Мастерсот во Синсинати, каде ја брани титулата освоена ланската година. 

Ноле уште од Вимблдон нема одиграно ниту еден официјален меч, а во пресрет на собирот во Синсинати испрати пофални зборови за Доминик Тием.

„Тој е тука, во најтесниот круг повеќе години. Некако ми делува доста зрело на терен, знае да се снајде во секаква ситуација и мислам дека пред него претстои светла иднина. Во него гледам како иден лидер на светскиот тенис“, вели Ѓоковиќ. 

Ѓоковиќ во првото коло на Синсинати е слободен, додека во второто ќе се сретне со победникот од мечот меѓу Сем Квери и Игоа Ербер.