Ѓоковиќ во Доха ќе игра и во двојки, партнер ќе му биде легенда

Новак Ѓоковиќ пристигна во Катар каде се подготвува за АТП турнирот во Доха, но покрај во сингл конкуренција ќе учествува и во двојки.

Овде нè очекува мало изненадување, бидејќи тој ќе игра на теренот со легендарниот шпански тенисер Фернандо Вердаско.

Шпанецот тоа официјално го потврди на својот Инстаграм профил и најави дека ова ќе биде последен турнир во неговата кариера.