• Иван Димовски
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по четиринаесетти пат во кариерата се пласираше во полуфиналето на Вимблдон. Најтрофејниот тенисер на сите времиња со 3-1 го доби мечот против Флавио Коболи во маратонска борба.
Италијанецот подобро го отвори мечот, бидејќи во своја корист го реши израмнетиот прв сет. Коболи беше подобар од фаворитот во тај-брејкот со 8-6 за предност од 1-0. Веќе во вториот Ѓоковиќ успеа да се наметне, иако стартот беше израмнет. Српскиот ас направи два брејка и со 6-2 го израмни дуелот.
Третиот и четвртиот сет беа понеизвесни, бидејќи Коболи пружи одличен отпор. Сепак, Ѓоковиќ ги доби со 7-5 и 6-4 и по три часа и 13 минути го затвори мечот во своја корист.
Со оваа победа Новак Ѓоковиќ закажа мега-дуел во полуфиналето против првиот светски рекет Јаник Синер.
ФОТО/PHOTO: Wimbledon/Twitter



