„Ѓоковиќ виде дека Надал е непобедлив и веднаш падна во очај“

Рафаел Надал се израмни по бројот на Грен слем титули со Роџер Федерер, откако славеше на отворениот турнир во Париз над Новак Ѓоковиќ со убедливи 3-0. 

Еден од најпознатите тренери во овој спорт, кој е и чичко на Надал, Тони, го анализираше финалето на Ролан Гарос. 

„Рафа знаеше дека има шанса да го стигне Роџер Федерер и исто така знаеше колку ќе го чини овој пораз. Да бидеш непоразен во финалињата на Ролан Гарос е голема работа, а Новак сериозно се закани. Тие се како два гладијатори, а Рафа одигра еден од најдобрите мечеви на „Шатрије“. Од самиот старт имаше висока предност и тоа го раздрма Новак. Ѓоковиќ веднаш падна во очај. Забележа дека Надал е непобедлив и дека ниту дроп-шотовите не му можат ништо“, изјави Тони Надал.

Рафаел Надал дури и при пораз не можеше да загуби бодови поради новите правила на АТП поради коронавирусот, ама го спречи Новак да ги освои и дополнително да се одлепи на челната листа.