• Горан Упале
Новак Ѓоковиќ експресно реагираше по повредата со која се здоби на Ролан Гарос. Српскиот тениски ас уште денеска ќе оди на операција на менискусот (некои медиуми пишуваат дека оперативниот зафат веќе е извршен).
Ѓоковиќ оваа одлука ја донесе со цел да биде подготвен за Летните олимписки игри во Париз.
„Операцијата го забрзува закрепнувањето, можеби дури и за некои четири недели. Сè додека не добиеме повеќе информации... Нереално е да се очекува Ноле да биде подготвен за Вимблдон, можеби би ја решил повредата, но прашање е дали би можел да ја подигне формата на највисоко ниво, бидејќи движењето на трева може да биде многу незгодно за колената. Мислам дека има време да се подготвиме за Олимписките игри“, изјави за Добросав Мелајац, еден од најпознатите српски физиотерапевти.
Според информациите на „Газета“, Ѓоковиќ се очекува за неколку часа да ја напушти клиниката со патерици и да замине на домашен одмор.