Ѓоковиќ: Условите повеќе ми одговараат мене, но сепак се работи за финале против Рафа

Новак Рафа

Новак Ѓоковиќ потешко од очекуваното победи во полуфиналето на Ролан Гарос против Стефанос Циципас. Тоа му донесе пласман во 27-то Грен слем финале во кариерата, каде ќе се надигрува со големиот ривал Рафаел Надал.

Мечот за титула се игра в недела и според очекувањата треба да биде нов спектакл за фановите. Париз ќе биде во центарот на вниманието неколку часа, кога Србинот и Шпанецот уште еднаш ќе застанат еден спроти друг во обид да освојат голема титула.

„Условите се различни во однос на натпреварите кои се играат во мај и јуни. Тоа може да биде шанса за мене. Топчето не отскокнува високо, над рамото, како што сака Рафа. Но, без оглед на условите, тој сепак е Рафа. Играме во финале на земјена подлога, го знам тоа чувство. Ги загубив повеќето од натпреварите против него тука, но и ја освоив титулата во 2015 година со 3-0. Тоа е натпревар што ќе го паметам и ќе се обидам да извлечам позитивни работи од него и да се обидам да ги применам тактички овој викенд.

Не се чувствувам истоштено иако игравме скоро четири часа. Мислам дека ден и половина ќе биде доволно за закрепнување. Со нетрпение ја чекам големата битка со Рафа“, вели српскиот ас.

Роџер Федерер внимателно ќе го следи овој дуел. Со победа, Надал ќе ги израмни неговите 20 Грен слем титули, а ако триумфира Ѓоковиќ, ќе направи чекор поблиску до рушење на неговиот рекорд и зад своето име ќе запише 18-ти трофеј.