• Мартин Танасковски
Новак Ѓоковиќ со стил го отвори својот настап на последниот грен слем во сезоната – УС Опен во Њујорк. Облечен во целосно црна спортска опрема, српскиот ас предизвика силен впечаток уште при излегувањето на теренот „Артур Еш“, каде го започна походот кон својот петти трофеј во Њујорк и вкупно 25-ти на грен слем турнирите.
Во првото коло Ѓоковиќ се сретна со 19-годишниот американски тенисер Лернер Тијен, кој важи за голем талент и иднина на американскиот тенис. Сепак, искуството и квалитетот на Ѓоковиќ дојдоа до целосен израз. Српскиот шампион славеше со 3:0 во сетови – 6-1, 7-6 и 6-2 – обезбедувајќи си сигурен пласман во следната рунда.
И оваа сезона не е во знакот на Русинот Данил Медведев кој претрпе нова елиминација на стартот на четвртиот грен-слем во сезоната, овој пат од Бенџамин Бонзи кој славеше со 6-3, 7-5, 6-7(5-7), 0-6, 6-4.




