Ѓоковиќ тренира во Монте Карло, дали ова е неговиот нов тренер?

По заминувањето на Горан Иванишевиќ сè почесто се поставува прашањето кој ќе биде тренер на Новак Ѓоковиќ.

Неодамна најуспешниот тенисер во историјата Џими Конорс изјави дека нема да има ништо против да биде на чело на стручниот штаб на Ѓоковиќ и дека тоа би му претставувало голема чест. Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Монте Карло, каде следната недела започнува турнирот од серијата Мастерс.

Светскиот рекет број еден таму тренира со Ненад Зимоњиќ, некогаш најдобриот светски дубл играч.

Тие двајца играа заедно во двојки, а на Србија ѝ ја донесоа титулата во Дејвис Купот во 2010 година. Зимоњиќ подоцна беше селектор на таа репрезентација. Дали легендарниот Зимоњиќ ќе остане дел од тимот на Ѓоковиќ или пак рекетот број еден ќе бара друго решение, наскоро треба да се дознае.