Ѓоковиќ: Тешко е да се каже кој е подобар меѓу мене, Федерер и Надал

Надал Новак Роџер

Новак Ѓоковиќ е единствен претставник на т.н „голема тројка“ на светскиот тенис. Рафаел Надал и Роџер Федерер се отсутни од овогодишниот турнир во Њујорк, па на Србинот останува да се бори против младата генерација конкуренти за трофејот.

Запрашан за титулата „најдобар на сите времиња“, првиот светски рекет го имаше следниот одговор:

„Тешко е да се каже кој е подобар од нас тројца. Сите сме различни и играме со различен стил на игра. Некој е подобар на одредена подлога, па тоа носи интересна дебата кај навивачите. Мислам дека нашето ривалство е одлично за спортот. Колку повеќе трае оваа дебата, толку повеќе тенисот ќе се развива во иднина“.

Засега сите тројца ривали имаат по 20 Грен слем титули. Ѓоковиќ со евентуална победа на УС Опен ќе се одлепи од Федерер и Надал и првпат ќе застане на врвот во оваа категорија.