Ѓоковиќ стравува од полуфиналниот противник: Многу е упорен и незгоден на трева...

Новак Ѓоковиќ АТП

По триумфот во четвртфиналето против Давид Гофан од Белгија, Новак Ѓоковиќ го дозна следниот противник на Вимблдон.

Последниот меч пред финалето за српскиот тенисер ќе донесе дуел со Шпанецот Роберто Баутиста-Агут. Токму тој беше човекот кој бранителот на титулата сакаше да го избегне оваа година.

„Против Баутиста загубив на последните два меча во кои се сретнавме. Тој е незгоден на оваа подлога, топчето отскокнува ниско и тоа му одговара. Многу е упорен и константен. Морам да покажам почит кон него и покрај тоа важам за голем фаворит.

Задоволен сум од мојата досегашна игра на овој турнир. Се надевам дека така ќе продолжам до крајот на неделата“, рече светскиот рекет број еден по пласманот во полуфиналето.

Србинот игра за својата четврта Грен слем титула во Лондон, негова 16-та во кариерата.